Институциите постапуваат според законот. Обезбедена е гаранција за пратениците од опозицијата, за нивните семејства, брзо да реагираат на секоја закана, изјави премиерот Зоран Заев синоќа по информациите дека пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ се на удар од нивните сопартијци, пренесува НОВА ТВ.



За оние пратеници кои се обвинети во судските процеси, Заев рече дека судските инстанци ќе продолжат со процесите и дека нема намера да се меша во работата на судот.

„За мене сите пратеници се невини додека не се докаже спротивното“, рече Заев кој, меѓу другото објасни дека „кога зборувал за помирување, мислел тој процес да се постигне преку работните групи во Собранието, за ЕУ и НАТО, затоа штотоа се целите кои не обединуваат“, пренесува НОВА ТВ.