Милошоски: Да гласаме па да видите дека нема мнозинство (ВИДЕО)

Пратеникот Антонио Милошоски го повика денеска парламентарниот спикер Талат Џафери да ја стави на дневен ред точката за изјаснување на пратениците за уставните амандмани.



19 дена по неуспешниот референдум, парламентарното мнозинство ја одолговлекува оваа одлука и се води јалова дискусија.

Тој побара да се даде можност пратениците да се изјаснат и да се види дека нема обезбедено 2/3 мнозинство за уставните амандмани.

Тој рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат.

Од владејачките СДСМ и ДУИ денеска неофицијално се тврдеше дека обезбедиле двотретинско мнозинство од 80 пратеници за отворање на Уставот, по иницијатива на владата за уставни измени согласно Договорот од Преспа, а некои медиуми лиферуваа таква информација.

https://www.facebook.com/a1onmk/videos/1174631326043833/