На денешното рочиште за „Монструм“ беа изнесени наодите од вештачењето за чаурите и проектилите што биле пронајдени кај Смилковското Езеро по крвавиот настан на 12 април 2012 кога беа убиени пет лица.
Тој ден беа убиени, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски, момчиња на возраст од 18 до 21 година, како и рибарот Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.
Форензичарот Неџат Муриќ истакна дека во МВР се донесени 21 чаура, 8 испукани проектили и 2 дела од проектили. Од извршените микроскопски анализи е утврдено дека 13 чаури се од муниција со калибар 7,62 x 39 милиметри кои одговараат на рускиот автомат АК-47 познат како „калашников“, додека, пак, 8 од чаурите се од муниција со калибар 9 милиметри од пиштолот познат како „долга деветка“.
Муриќ истакна дека на фармата на обвинетиот Фејзи Азири во Белимбегово биле пронајдени 53 испалени чаури со истиот калибар 7,62×39, пренесува „Макфакс“.
Министерство за правда ги бара осомничените од „Монструм“ од Косово




