Изборите не се решение, велат од парламентарната група на ДУИ, од каде се убедени дека уставните измени сепак ќе поминат по предлогот на СДСМ за распуштање на собранието.
„За ДУИ не постои ‘ако’ во овој процес. За ДУИ постои само една целосно интегрирана Македонија во НАТО и во ЕУ. Нема алтернатива, нема план Б . Ние не се откажуваме нашите интензивни, конструктивни, добронамерни и сеопфатни напори да стигнат до Собранието на Македонија, со што би се отворил патот на Македонија кон евро-атланската интеграција“, изјави вчера Артан Груби, пратеник на ДУИ, како што пренесува Алсат М.





