Реагирајќи на најавата од Амбасада на САД во Скопје за доаѓањето на заменикот-помошник државен секретар Метју Палмер, американскиот борец за македонската кауза Џејсон Мико преку „Твитер“ го повика претседателот Доналд Трамп да го почитува правото на Македонците да одлучат за сопствената иднина.



„Чудно: Стејт департмент можеби дава поддршка, но народот на Македонија, Македонците, јасно е дека не даваат. Сметам дека Трамп треба да го почитува правото на Македонците да решат за својата иднина, со оглед на тоа дека тој често зборува за суверенитетот на националната држава. Нели, Доналд Трамп?“, твитна поранешниот почесен конзул на Македонија во Тусон Аризона.

Повод за реакцијата на Мико е твитот на американската амбасада во Македонија:

„Заменуикот-помошник државен секретар Метју Палмер ќе допатува во Македонија на 22 октомври за да дискутира за поддршката од САД за Преспански договор и за важноста на реформската агенда на Македонија. Тој ќе се сретне со претставници на Владата и на политичките партии, вклучувајќи ги Зоран Заев и Никола Димитров“.