Преку официјалната страница на Фејсбук, премиерот Зоран Заев ги повика пратениците да донесат правилна одлука и да кажат „да“ за можноста која е пред нив.
„ Пратеници, да кажеме ДА на можноста пред нас. Историјата ги памети правилните одлуки“, напиша Заев ден пред продолжувањето на собраниската седница закажано за утре на која ќе се знае дали е обезбедено парламентарно мнозинство за промена на уставот.
Денеска, на средба со новинарите, премиерот рече дека е верник и дека некогаш чуда се случуваат.
Негувам надеж дека утре парламентот ќе собере сили, дека пратениците ќе се одважат и охрабрат, затоа што, пред сѐ, се претставници на граѓаните, а потоа на политичките партии и ќе се исправат пред историската одговорност, пред оваа непропустлива шанса за Македонија, изјави премиерот.





