Димитров: Никос, ти посакувам добро здравје!

Успех во сите натамошни предизвици и добро здравје, му посака шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на неговиот довчерашен грчки колега, Никос Коѕијас, кој поднее оставка.



„Предводени од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Коѕијас имавме интензивни месеци а комуникација, станавме вистински пријатели и вопериод од една година успеавме да направме нешто кое во претходните 27 години се сметаше за невозможно – ги приближивме нашите две земји и го потпишавме историскиот договор од Преспа, градејќи мост на пријателство“ вели Димитров во пишаната изјава, пренесе МИА.