,,Падна” Собранието на РМ (ФОТО)

Утринава од непознати причини не е достапна веб страницата на Собранието на РМ.



Обидот да се отвори оваа страница завршува со одговор дека истата не е достапна.

Засега не е познато дали се работи за хакерски напад, преоптовареност, внатрешни проблеми во мрежата на собранието или нешто трето.

Собранискиот спикер вчера најави дека расправата за уставните измени кои ги напушти опозицијата ќе продолжи утре.

Собранието беше недостапно најмалку дваесетина минути во периодот по 09.20 утринава.

Линк