Како паузата во парламентот ја објаснува еден професор со искуство во политика
“Денес и утре се денови на политичка задушница
Некој ќе дава, друг ќе раздава, а трет ќе се про(е)дава”, пишува професорот Јове Кекеновски.
Во врска со судењето за 27 април Кекеновски по сведочењето на заштитеникт сведок очекува апсење на нарачателот и инспираторот од страна на обвинителството.
“ОЈО во дилема или трилема. Претпоставувам дека по исказот на заштитниот сведок, ОЈО не знае како да постапи.
Дали да побара приведување на распит кај истражниот судија за нарачателот и инспираторот за случувањата од 27 април, утре во раните урински часови пред да почне седницата на Собрание на РМ, дали тоа да го стори веднаш по завршување на седницата или од понеделник па натаму на раат. Сите опции се во игра доколку јасно се посочени нарачателот и инспираторот”, смета Кекеновски.





