Ципрас бара верност од Коѕијас и Каменос!

Кризата во грчката влада поради преспанскиот договор „експлодираше“ вчера по кавгата на министерот за надворешни работи, Никос Котиас, и министерот за одбрана, Панос Каменос, на владина седница околу контроверзниот план Б што Камеос го претставил минатата недела во Пентагон.



Грчкиот премиер Алексис Ципрас побарал министрите да се обврзат дека нема да бидат причина да падне Владата и нема да ја поддржат евентуалната иницијатива на Нова демократија за гласање недоверба на владата поради Договорот од Преспа.

На вчерашната седница, несогласувањата меѓу министрите Панос Каменос и Никос Коѕијас прераснале во расправија по што реагираше опозициската Неа демократија.

„Не се случило премиер да моли министри да не го соборат, а потоа рамнодушно да ги гледа како меѓусебно се обвинуваат… Доста е. Земјата не може повеќе да тоне поради нив“, соопштијаод најголемата опозициска партија.