Македонските Египќани бараат загарантирани пратеници за малите заедници

,,НВО коалицијата на Египќаните”, по средбите со највлијателните странски амбасадори во државата, испраќа повик до сите парламентарни партии кои се застапени во Собранието на Р.Македонија, да пристапат кон изменување на Изборниот Законик, а дури потоа да се распишат Избори.



“Целта на оваа малцинска заедница во Р.Македонија е загарантирани пратенички мандати, за етничките заедници кои не се спомнати во Уставната Преамбула, и на тој начин да се дојде до унапредување на демократските процеси во Р.Македонија”, се вели во барањето нљ НВО Коалицијата на Египќаните.

Според оваа организација, Собранието на Р.Македонија , може да брои од 120-140 пратеници, така што од формално-правен аспект, нема никаква пречка да се интервенира во Изборниот Законик, а се со цел , Египканите, Црногорците, Хрватите, Бугарите да добијат загарантирани пратенички мандати.

“Нема потреба да се брза со избори, бидејки прво дома треба да се средуваат односите, а потоа, сите заедно, како лојални грагани и без дискриминирани грагани да бидеме дел од ЕУ И НАТО”, се вели во барањето на лидерот на НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ, Демир Далип.