„Во услови кога платите на државната администрација, наставниците, лекарите се во исти износи, ние слободно може да заклучиме дека политиките на оваа влада се тотално неуспешни и животниот стандард на граѓаните не останал ист, туку се отежнува секојдневно“, велат од крилот на партијата БЕСА на Биљал Касами, во врска со последното поскапување на цената на дизелот и на бензините.
Според партијата, владата заборава да се грижи за секојдневниот живот на граѓаните кои се соочуваат со поскапување на цените, економска блокада, разновидни проблеми во образованието и здравството како и со наголемиот проблем – заминувањето на младите надвор од државата, пренесе Радио Слободна Европа.





