На пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој е обвинет во настаните од „27 април“ му се укинува мерката куќен притвор и тој ќе се брани од слобода со гаранција од околу 400.000 евра, јавуваат повеќе медиуми.
Неофицијално Обвинителството нема да поднесе жалба на оваа одлука и нема да бара продолжување на мерката куќен притвор.
Адвокатот на пратеникот Василевски, Александар Новаковски вели дека решението за ослободување од Кривичниот совет сеуште не го добиле, но дека претходно поднеле жалба и барале ослободување со гаранцијата.
Василевски, кој моментно е на судење во Кривичен суд, не сакаше да коментира ништо поврзано со неговата мерка, ниту, пак, со случувањата во Собрание денеска.
Веста која денеска е објавена иницираше дилеми кај јавноста дали Василевски е ослободен за да гласа за уставните измени но извори во неговото пошироко семејство во Охрид велат дека тој неодамна најавил дека по ниедна цена нема да гласа за промена на името дури и ако со тоа се ослободи од заканата за најмалку 10 години затвор.





