Пратеникот Ферид Мухиќ, ќе гаса за промена на Уставот, соопшти предмалку од собраниската говорница. Во широкото објаснување зашто тој рече дека „ е добро што ова трае подолго“ што му дало шанса подлабоко да размисли и како што рече „да не згреши во името на 20.000 граѓани кои ги претставува.



Мухиќ нашироко објасни три нешта.

Прво (и реплицирајќи му на пратеникот Илија Димовски според кој оваа влада нема легитимитет да пристапи кон промена на уставот“ дека владата и овој состав на собранието својот легитимитет го има од првиот парламентарен состав во 90-те кој прифати да се преговара за името.Оттаму,владата и собраниетоимаат „обврска“ врз основа на досегашната пракса (на преговарање) иако тој лично вели дека од самиот почеток бил против преговори но дека тоа бил лично негов „приватен став“.

Второ, вели Мухиќ, договорот е навистина лош зошто „во стартот не  може да биде добар“ зашто носи горчливост, фрустрации и бидејќи е „ултимативен“. Но, пратеникот вели дека подобар не може да има кога една земја е приморана да го смени името.Мухиќ е убеден дека некоја идна влада – ќе мора да го потпише.

Трто, според Мухиќ, референдумот е правно неуспешен бидеји не беше исполнет цензусот.

„Но, дали 1.2 милиони молк е  поголемо од 97 процентното силно ‘за’“…рече претеникот Ферид Мухиќ и рече дека ќе гласа за промена на Уставот на Република Македонија.

На почетокот на денешната собраниска седница, Ферид Мухиќ не гласаше на дневниот ред да се најде точката за менување на името и уставот.

 

Вториот најстар пратеник бојкотира, еден пратеник помалку кај власта за уставот