Каменос: Ципрас знае за „планот Б“, но не го одобрува

Министерот за одбрана, Панос Каменос, вели дека грчкиот премиер знаел за „планот Б“ доколку пропадне преспанскиот договор, што тој го претставил во Вашингтон минатата недела, но  Алексис Ципрас не го одобрува.



„Мојот премиер го знае мојот предлог, но не го одобрува тоа. Тоа би било алтернатива ако Преспанскиот договор не успее, а јас дадов привремено решение доколку нема решение во Скопје“, изјави Каменос за ЕРТ1.

Каменос вели дека тој и неговата партија „од првиот момент го отфрливме името ‘Македонија’ и тоа го разјаснивме на премиерот. Не прифаќаме да го дадеме името“.

И покрај оваа позиција (…) ние не ја спречивме владата да води и дијалог за да продолжи со решението, вели актуелниот министер за одбрана кој додал „Ние никогаш не се согласивме во Преспанскиот договор. Тоа е официјална позиција на министерот за надворешни работи и на владата и рековме дека како владин партнер нема да го поддржиме тоа“.

Каменос уште додава дека имал обврска како владин партнер да објасни зошто не се согласува со Преспанскиот договор и зожто нема да гласа за него, со кој не се согласуваат и „70 отсто од луѓето од  Скопје“.

Премиерот го знае мојот предлог, но не го одобри. Тоа би било алтернатива ако Преспанскиот договор не успее, вели Каменос како што пренесува „Катимерини“.

Каменос со „План Б“ за Македонија во Пентагон, безбедносен чадор Атина – Скопје – Белград (ВИДЕО)