Во пресрет на денешниот празник 11 Октомври, во Прилеп синоќа на величествен и единствен начин, со светлечко историско шоу на фасадата на зградата на некогашниот полицискиот участок, беше одбележан почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна на  македонскиот народ во 1941 година.



Прославата беше збогатена  со 3Д визуелизација на Участокот преку која што беше раскажана приказната за НОБ до денес.

На 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.