Притворениот за убиството на новинарката Викторија Маринова ќе бидат ослободен, јави БНТ.
Истражните органи соопштија дека осомничениот романски државјанин со украински пасош бил обичен скитник, а примероците на ДНК не се совпаѓаат со оние што се земени од местото на злосторството.
Продолжува сослушувањата на други лица кои можеби имаат врска со убиството.
Телото на новинарката беше пронајдено завчера. Викторија Маринова била брутално претепана и силувана, а потоа и задавена.
Бугарски медиуми пишуваат дека властите работат на сите верзии за да се открие мотивот и извршителот на убиството.
Не се исклучува убиството на Викторија Маринова да е поврзано со нејзината работа и ТВ прилог во кој го поставила прашањето за корупција и злоупотреба на фондовите на ЕУ.





