Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов не се откажува од идејата за затварање на премиерот Зоран Заев.

Првиот човек на една од најактивните и највлијателни организации на Македонците во дијаспората денеска промовираше нов постер со премиерот Заев.

На постерот Заев е прикажан како да е веќе уапсен во затворска ќелија.
За Николов, ММДЧП и најголем дел од дијаспората Заев со Преспанскиот договор направил национално предавство и за тоа ќе треба да одговара.




