Битолски „мерцедес“ удрил во две паркирани службени возила пред дирекцијата на УЈП во Битола, при што едно од возилата завршило во реката Драгар, а другото претрпело помали оштетувања.
Според полицијата, никој не е повреден во сообраќајката. Во мерцедесот со битолски ознаки имало две лица,јави битолска Тера ТВ.




