Вранишковски не спореди со Кока Кола: Зошто не смееме да ја користиме придавката македонски

Екс митрополитот на МПЦ – ОА Јован Вранишковски, кој како српски егзарх ја преводи ПОА, во интервју за бугарскиот црковен интернет портал, „Двери“ ја објасни причината зошто Македонија не може да ја користи придавката Македонски.



Објаснувајќи ја причината зошто и МПЦ не може да се нарекува македонска, Вранишковски вели дека тоа е дел од грчката еленска историја. Еве како Вранишковски објаснува зошто во Македонија никој не може да ја користи придавката македонски изведена од името Македонија.

-Дури името на Кока Кола не може да се користи од други, бидејќи фирмата го патентирал пред децении, уште помалку може да се присвојува она што произлегува од именка Македонија, бидејќи тоа одамна е заштитено од еленистичката цивилизација, вели Вранишковски во интервјуто за „Двери“, пренесува религија.мк.