Владата ја испратила Нина Фити, ќерка на академик Таки Фити за претставник на Македонија во Светска банка.
Фити кој е претседател на највисоката научна установа предходно иако со забелешки го поддржа Договорот со Грција.
Денеска од ВМРО-ДПМНЕ прашаа дали тоа е причина за неговата отворена поддршка пред одржување на референдумот.
Од партијата обвинуваат дека вработувањето на Нина Фити во Светска банка се совпаѓа со менувањето на ставот на Фити за промена на името.
“Академик Таки Фити беше изразито против промена на името и уставот и го нарекуваше обезличување на македонскиот народ, а наеднаш го промени ставот и рече дека промената на Уставот за него е прифатлива работа. „Ерга омнес никако не смее да се прифати, менувањето на Уставот е обезличување на Македонците“, рече Фити пред три месеци, за подоцна целосно да го промени ставот: „Постигнато е она што беше релевантно за МАНУ, тоа се идентитетските прашања, јазикот, нацијата и културата”, изјавија денеска од опозицијата.
Од БМРО-ДПМНЕ очекуваат Владата да одговори дали Нина Фити е вработена како претставник на Македонија во Светска банка и дали тоа е главна причина за промена на ставот на академикот.





