ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави за полнење кутии

Повеќе од 200 лица се вклучени во кривичната пријава за злоупотреба на над 50.000 гласови и полнење на гласачки кутии за време на референдумот, која денеска до Јавното обвинителство ја поднесе опозицискатам ВМРО-ДПМНЕ.



Според опозиционерите, пријавата се однесува на заменици претседатели, членови и заменици членови на избирачки одбори на избирачките места во општините Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повика Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески итно да поднесе оставка и да се избере нов јавен обвинител на предлог на опозицијата.

Претходно, од обвинителството посочија дека тие немале сознанија дека на референдумот се полнеле гласачки кутии, но дека ќе постапуваат по сите пријави кои ќе бидат дополнително доставени.