Биљаљи од ЈО: Нема битни инциденти на рефрендумот, процесот речиси совршен

На денот на референдумското гласање утврдени 39 неправилности, од кои повеќето веќе се решени, но ниту едно не влиајело на текот на гласањето и на конечните резултати, а партијата ВМРО-ДПМНЕ поднела саммо две кривични пријави, соопшти на прес-конференцијата во петок Јавниот обвинител Џељаљ Бајрами.



Тој истакна дека на посебната електронска адреса, отворена исклучиво за потребите на комисијата на ЈОРМ која го следеше процесот на гласање, биле поднесени само две кривични пријави и тоа од адвокат во име на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и тие се веќе во процедура.

На новинарското прашање за 200 кривични пријави за кои ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека ги поднела до ЈО, Биљаљи тврдеше дека такво нешто кај нив нема пристигнато.

Како најголеми инциденти во неделата Биљаљи го истакна случајот во скопската населба Аеродром, каде што едно лице било приведени по вербална расправа на гласачко место и туркање со полицијата и едно во струшко Мислешево, каде што гласач избегал со гласачко ливче, но утредента сам се пријавил.