Груевски нема да гласа за уставни промени

„Нема да гласам за уставни промени и нема да ги поддржам истите. Јас немам намера да го изневерам народот“, изјави денеска поранешниот премер Никола Груевски  запрашан дали можеби ќе гласа „за“ уставните измени согласно преспанскиот договор, со цел да се спаси од затвор.



Скопска апелација денеска ја потврди казната од 2 години затвор за екс-премиерот во случајот „тенк“ за набавката на блиндираниот мерцедес во 2011 година.

Тој повтори дека се работи за „политички прогон“ и дека ќе ги искористи сите правни лекови против ваквата одлука на судот, пренесе МКД.мк.