Референдум по кој 2 + 2 не се четири!

„Постреферендумските толкувања на резултатот од политичари, правници, аналитичари, слободни, цивил – новинари и други грант-шоу експерти, главно во насока на докажување дека два и два никако не можат да бидат четири, се само афтершокови за нив по силниот, неочекуван земјотрес, пишува новинарот Панде Колемишевски во колумна за „Нова Македонија“.



„Дилемите дали да се почитуваат законите или бројките, независно едното од другото, дали 600 илјади гласа „за“ се посилни од 900 илјади одѕив, се изродија повеќе од изненаденост и немоќ, отколку од точност и сигурност.

Таквите „креативни“ толкувања се плод на правно-политичкиот и журналистички инженеринг за замаглување на реалната ситуација, прикажуваат друга слика од вистинската, процес што течеше долго време“ пишува Колемишевсски според кој „ Сѐ почна наопаку, како што и заврши“ –  референдумот не успеа…