На синоќешната седница во Мала Речица петседателството на ДУИ оценило дека предвремени избори би го нарушиле процесот на имплементацијата на Договорот од Преспа и бара од другите политички партии да создадат услови да се спроведе Договорот со Грција.
„ДУИ смета дека потпишаниот и ратификуваниот договор е меѓународна обврска на државата и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред сѐ од САД, Европската Унија, земјите – членки на Унијата,…, во кои јасно и недвосмислено се повикува парламентот на Македонија да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на Договорот од Преспа“, се вели во соопштението од партијата.




