Како што беше најавено, втората средба на заедничката експертска Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугариј ќе се одржи денеска и утре во Скопје.
Согласно договорената методологија и принципи на работа, членовите на Комисијата ќе разменат мислења поврзани со наставните содржини во образовните процеси во двете земји, како и можностите за заедничко одбележување на одредени историски настани и личности.
Комисијата за „пеглање“ на разликите од историјата (за која бугарската страна инсистира дека е „бугарска“), е формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија
Првата средба на комисијата се одржа на 2 и 3 јули во Софија.
Димитров: Треба да утврдиме заедничка историја на Бугарија и Македонија





