Светлана Лазаревска-Гогоска, лекарката која наводно рекла дека нема да лекува бојкотирачи, се закани дека ќе поведе судски збор зашто нејзините зборови биле извадени од контекст.
„Многу погрешно сфатена мојата изјава за бојкотирачите. Санкции подразбира редовност на работаисправно и совесно работење. А никако не се однесува за моето работење како доктор. Јас подеднакво сите ги лекувам. За извадените од контекст зборови следат судски спорови со Бојан Вивевски и Доказ.мк“, напиша Лазаревска-Гогоска на нејзиниот профил.

Претходно, портали споделија информација дека докторката на ФБ се заканила дека нема да леекува бојкотирачи, но тој пост го нема на профилот на Лазаревска-Гогоска.





