ВМРО-ДПМНЕ бара анкетна комисија за референдумот

Предлог-одлука за формирање анкетна комисија за испитување на целиот процес на гласањето на референдумот на 30 септември, побараа 30 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.



„Основаните сомнежи за сторен фалсификат на правото на граѓаните за гласање, односно негласање, мора да се расчистат. Довербата на граѓаните во институциите е сериозно нарушена и некој мора да сноси одговорност“, соопштија од пратеничката група на опозициската партија, пренесува порталот „Сакам да кажам“.

Формирање анкетна комисија за референдумот е едно од двете барања на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за прифаќање предвремени парламентарни избори.