Плусинфо ексклузивно дознава дека премиерот најверојатно нема да се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени предвидени со преспанскиот оставка.
Речиси е извесно дека излез од постреферендумската криза ќе се бара во предвремени парламентарни избори, брифира за „Плусинфо“ висок владин функционер.
Според него, Заев и СДСМ немаат намера да ги убедуваат Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните амандмани.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по референдумот порачаа дека Договорот од Преспа е мртов.





