Како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, Русија внимателно го следи развојот на ситуацијата во Македонија. Поаѓаме од фактот дека според став 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН, резултатите од разговорите меѓу Скопје и Атина ќе бидат разгледани во Советот за безбедност на ОН, се вели во соопштението на руското МНР во врска со неделниот референдум.
„Нашиот принципиелен став останува ист: долгорочното решение може само да се договори од двете страни самостојно, без никакво надворешно мешање, и само во рамките на законот и со широка јавна поддршка“, пишува во соопштението.
На Руското МНР особено му пречи тоа што, и покрај фактот што две третини од македонското население не гласало во корист на Преспанскиот договор, резултатите од гласањето веднаш биле поздравени од страна на водачите на ЕУ и НАТО, како и од Вашингтон.




