Само со џагор од студентите но без аплауз бил дочекал премиерот Зоран Заев вчера на првиот академски час на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје.
Репортерот на ТВ 21 јавува дека премиерот не бил пречекан со аплауз.
Вообичаено секогаш на сите вакви настани највисоките владини службеници се пречекувани со аплауз барем од симпатизери на нивната партија меѓу публиката но во случајот ниту тоа не се случило.
Зоран Заев заедно со министерот за информатичко општество и администрација присуствуваа на првиот академски час на ФИНКИ, каде беа доделени индекси на стипендирани студенти од УКИМ.
Настанот се одржуваше во хотелот Александар Палас во Скопје каде Заев го дочекало само раководството ма ФИНКИ.
На видеото на 21 ТВ се гледа дека го нема и вообичаеното поздравување со граѓани.
Ниту еден студент или професор не му пријде на Заев да се поздрави со него.
Камерите забележаа само еден поздрав но и тој беше со министерот Манчевски.
Само десетина часа предходно во истата сала на хотелот Александар Палас откако на референдумот не беше исполнет цензусот, премиерот најави дека преспанскиот договор се префрла во институциите на системот по што доби громогласна поддршка од своите сопартијци.
Од студентите вчера добил само џагор, ни поздрави, ни ракувања, ни аплауз ни овации.





