Претседателот на Србија вели дека очекувал различни реакции на резултатите од референдумот во Македонија и дека очекувал повеќе разбирање за вистинските причини за слабиот одзив на референдумот во Македонија, пренесе Танјуг.
Запрашан за коментар за оценките на ЕУ и НАТО за неуспехот на референдумот за Македонија за новото име на земјата тој за медиумите во Србија рече:
“Се плашам и ми се чини дека некои луѓе од светот нас, малите балкански држави не потценуваат и мислат дека сè може да помине“, изјавил Вучиќ, кој е во посета на Москва.
Српскиот претседател уште додал дека „ие се однесуваат често како да мора и може да биде само како жто тие мислат“.




