Резигниран ама убеден – Орданоски тврди: избори во ноември се неминовни

Оние кои се надеваа на убедлив евро-атлантски резултат на референдумот, останаа разочарани. Недостасуваа уште најмалку 150-200 илјади гласови за големо славење на подобрата иднина за Македонија, заклучува новинарот Сашо Ордановски во анализа за цивил.мк.



Како и многу пати досега, „победи“ Партијата на сеирот („апстиненти“, по модерно), тој нерегистриран политички субјект на оние кои мислат дека сите се исти, дека не вреди за ништо да се заземе страна и дека ќебапчињата со кромид се оригинално измислени во Турска чаршија во Скопје.

Колку само им завидувам! Не е едноставно да се постигне таква леснотија на постоењето, иако понекогаш ми се чини дека за тој игнорантски дискурс е потребен поголем ангажман отколку да се живее во светот на реалните, изброени можности во политиката. Не е лесно ништо да не те засега, зад тоа веројатно се крие подлабока фрустрација отколку кај оние кои покажуваат дека нешто ги засега.

Целата анализа на цивил.мк на следниот линк