Според првичните податоци од обработени 20 проценти од избирачките места, „за“ на референдумското прашање се изјасниле 91,03 проценти, а „против“ биле 6,03 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК).
Податоците за излезноста се од 18 и 30 часот и покажуваат дека 34,76% (623.147 гласачи) од запишаните во избирачкиот список го оствариле правото на глас.
Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето „Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.





