Катастрофа на Ахмети во неговиот роден Зајас (ФОТО)

Лидерот на Демократската Унија за интеграција Али Ахмети го доживеа еден од најтешките порази во политичката кариера на денешниот референдум што може да има сериозни последици за неговата иднина.



Излезноста во избирачките места во неговиот роден Зајас, село во општина Кичево каде што живее неговото семејство и каде што некогаш ДУИ победуваше и со 100 % денеска повеќе од скромна.

До 15 часот само на едно избирачко место пристојни бројки од 38 % излезнос а има и такви со 5 % што е далеку од резултатите што ДУИ и Ахмети ги имаа на предходните парламентарни или локални избори во смисла на излезност.

Зајас беше посебна општина до 2014 година кога согласно референдумот за територијална организација во 2004 година стана дел од Кичево каде што Македонците станаа малцинство на локално ниво.