Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побара од граѓаните на Македонија мирно да одговорат на референдумот за промена на името на Македонија, пренесува приштинска „Газета Експрес“.
„Процесот се одвива добро“, рече Ахмети по гласањето на референдумот.
Според идерот на ДУИ „граѓаните ќе гласаат за својата иднина. Од октомври сме обврзани Македонија да биде поблиску до земјите на ЕУ“..
„Со право, очекуваме Македонија да ги отвори и реализира своите историски цели, да изгради траен мир, сигурност, инвестиции и економски развој (…) за владеење на правото”, додаде тој.





