Формираната привремена комисија од Јавното обвинителство на РМ ќе ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот.
Во комисијата членуваат по еден јавен обвинител од четирите виши јавни обвинителства и еден обвинител на ОЈО Скопје.
Јавното обвинителство на Република Македонија ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на референдумот, да достават поднесок или пријава до комисијата.





