Агенцијата Макфакс објави информација дека НАТО не инсистира на промена на името за да влезе Македонија во алијансата.
Во платениот ПР текст агенцијата пренесува дека
Огромно изненадување за Република Македонија доаѓа од Брисел деновиве, каде собранието на северноатлантската алијанса НАТО едногласно одлучи да го тргне прашањето за името како пречка за наше членство во истата.
Сето ова доаѓа неколку денови пред организираниот референдум во Македонија на кој граѓаните треба да се одлучат дали ќе го поддржат договорот со Грција за erga omnes промена на нашето уставно име во Република Северна Македонија. Дали оваа одлука на алијансата значи дека референдумот ќе биде прекинат или пак македонските власти ќе одат до крај и ќе го одржат референдумот про форма, останува да дознаеме. Од кабинетот за комуникации на премиерот Зоран Заев одбија да ја коментираат оваа вест и нѐ препратија да се обратиме во Брисел за повеќе информации.
Прашањето кое сите ги загрижува е зошто нашите власти молчат а медиумите блиски до владеачката гарнитура воопшто не известија по ова прашање. Дали поделеноста во врвот на владеачката коалиција и најновите анкети се причината зад таинственоста или пак цената за промена на името е веќе платена.
Во текстот Макфакс признава дека објавува лажна вест за да потенцира проблемот со лажните вести.
Целата вест на макфакс.мк





