Професорот Владо Бучковски, поранешен министер за одбрана и поранешен премиер на Република Македонија, во синоќешното гостување на Bloombeg TV Bulgarija, изјави дека над 700.000 граѓани на Македонија ќе гласаат „за“ на референдумот.
„Референдумот за името на земјата е историски момент за Македонија. Насочен е кон изборот за пристапување кон ЕУ. За жал договорот со Грција беше единственото можно решение, за да се отворат вратите на НАТО и ЕУ. Јасно е дека над 700 000 граѓани Македонија ќе гласаат за, но дали ќе се обединат оние кои се против, не се знае“.
Ова е втор референдум во Македонија по нејзиното одвојување од поранешна Југославија во 1991 година, рече професор Бучковски според кој „актуелниот референдум е продолжение на оној од 1991. Тогаш се боревме за независност, денес се бориме да бидеме дел од НАТО и ЕУ. Ќе ја потврдиме нашата државност“.
Според проценките на Бучковски, моментално има 1.300.000 до 1.350.000 гласачи. Од друга страна, 250 000 – 300 000 се неопределени гласачи кои не веруваат во политичарите и соодветно кои на последните избори најверојатно не гласале. Верувам дека моменталната кампања ќе им даде поттик, вели тој.
„Ако референдумот не успее, нема да се разпаднеме. Но, Македонија ќе почне сама да се распаѓа изолирана. Се повеќе млади луѓе ќе ја напуштаат Македонија, се повеќе нема да сме атрактивни за инвеститорите. Овој референдум е важен имајќи предвид што се случува во Романија, Бугарија и Албанија како земји-членки на ЕУ,. Ова е повеќе од референдум. Ова е единствена можност“.
Имаме покана за НАТО, ќе бидеме членка на НАТО. Добро е познато дека до 2025 година имаме шанса да ги стигнеме Црна Гора и Србија пред нас, вели Владо Бучковски во гостувањето во Bloombeg TV Bulgarija.




