До вакoв шокантно сознание дојде Меѓународниот одбор за спас (IRC), кој го проценува менталното здравје на бегалците во мигрантскиот камп „Мориа“ на грчкиот остров Лезбос.
Денеска 462 бегалци од Лезбос биле префрлени во Пиреја во обид да е намали притисокот во најнаселениот бегалски камп во Грција во кој се згрижени 9.000, иако капацитетот е само за 3.000 лица.
Грчката влада, по притисокот од хуманитарните организации и агенции на островот, вети дека ќе префрли 2.000 бегалци во кампови во континентална Грција.





