Премиерот Заев на својот фејсбук профил споделува порака и видео спот на неговиот сограѓанин пејачот Васил Гарванлиев кој е познат по детската песна “Марионка” а кој дваесетина ходини живее во Торонто, Канада.
“Драги пријатели,
Особена чест ми е да споделам со вас еден мал дел од мојот нов проект со наслов “Ѓердан.”
Овој момент го чекав повеќе од 20 години и е главната причина поради која денес сум тука, во мојот роден крај. “Ѓердан” е песна за сите нас, за нашите искуства и приказни.
Заедно сме најсилни и заедно сите ние ќе го нанижеме ѓерданот за подобро утре. За подобра иднина на мојата, нашата Македонија.
Ве сака,
Васил Гарванлиев”, е пораката која што ја споделува премиерот Заев а која е придружена со прекрасен видео спот со музичка нумера во која се зборува за Македонија.
Гарванлиев во Торонто работи како оперски пејач, баритон.
Песната со која Гарванлиев стана познат како дете




