Истражување спроведено од британската туристичка агенција Bolsover Cruise Club откри дека градот Птуј во Словенија е најтежок за изговарање на светот, односно дека 92 отсто од анкетираните бртански туристи не можат да го изговорат.



Туристите се мачат и со португалскиот град Гимараеш (88 отсто), со Хрватската Ријека (84 отсто) , Скопје не можат да го изговорат 80 анкетирани британски туристи, а 76 отсто имаат проблем со мексиканскиот град Оахака.

Резултатите од студијата покажаа дека за Британците напроблематични се грчките имиња и дека грчкиот јазик е најтежок за оние што доаѓаат од англискоо јазичнно подраќје или од скандинавските земји.

Тешки јазици за Британците се словенечки, македонски, велшки и унгарски.

Неверојатно, но велшкиот град со најдолгото име во Европа, а веројатно и најтешкииот збор во светот, Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch е рангиран на 11 место, покажува истражувањето на Bolsover Cruise Club.