Дудуш „мисли“ дека Дурловски ги насочувал луѓето на 27 април

Градоначалникот на Шуто Оризари денеска пред судот изнесуваше емоции и претпоставки а не факти и докази кои што можат да бидат земени предвид во судењето за 27 април.



Тој без да даде ниту еден аргумент го обвини оперскиот пејач Игор Дурловски дека ги наведувал луѓето во Собранието, што судот ќе мора да го оцени како правно неиздржана политичка квалификација со оглед на неговата субјективност и политичка припадност.

„Јас бев во галеријата. Кога толпата насилно влезе долу во прес-центарот и горе кај нас, јас успеав да излезам од таму.

Симнувајќи се по скалите во ходникот пред прес-центарот го видов лицето Игор Дурловски, не сум сигурен, но мислам дека додека стоеше ги насочуваше луѓето кај да одат“, изјавил во своето сведочење денеска Курто Дудуш на судењето, во кое 33 се обвинети за настаните од 27 април.

„Не сум сигурен, но мислам дека и кон мене испрати луѓе велејќи им ’и овој е еден од нив“‘, сведочел градоначелникот на Шуто Оризари кој „мислел“, исто така, дека нема да се извлече од Собрание.