По наредба на суд – Марин Ле Пен на психијатар!?

На шефицата на француската екстремна десница, Марин Ле Пен,судот ѝ нареди да посети психијатар за да се утврди дали е „способна да ги разбере забелешките и да одговара на прашања“.



Причина за ова се твитови што ги споделувала Марин Ле Пен во кои имало снимки на кои се гледаат тела на луѓе егзекутирани од таканаречената Исламска држава.

Во март Ле Пен беше обвинета за споделување на „насилни пораки кои  поттикнуваат тероризам или порнографија или сериозно му штетат на човековото достоинство“, а може да ги гледаат малолетницит.

Како дел од истрагата, судиите ѝ наредиле на Ле Пен да посети психијатар за експертска проценка.