Уставниот суд денеска ќе ги разгледа инцијативите на политичката партија „Левица“ и на Светскиот македонски конгрес со кои се бара да се испита уставноста на одлуката за распишување референдум што треба да се одржи на 30 септември.
За подносителите на иницијативата, Одлуката за распишување на референдум бр. 08-4666/1, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/2018) е спротивна на Законот за референдум и кодексот за добри референдумски практики на Венецијанската комисија, а спорно е и самото референдумско прашање, поради што се бара Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.
Уставниот суд може да ја прифати или отфрли иницијативата или да се прогласи за ненадлежен.





