Владата на Република Чешка застанува зад премиерот на Унгарија Виктор Орбан по одлуката на Европскиот парламент да гласа за започнување на постапка за наметнување на санкции на Будимпешта во врска со прекршување на владеењето на правото и на демократските вредности, изјави чешкиот премиер Андреј Бабиш, цитиран од Ројтерс.
Орбан со години екритикуван поради изборниот систем во Унгарија, поради одземањето на слободата на медиумите, одземањето на независноста на судството, лошиот однос кон мигрантите и бегалците и ограничувањата на функционирањето на невладините организации.
Владата на Унгарија неодамна усвои закон за забрана на невладините организации да ги поддржуваат мигрантите.
Вчера Европскиот парламент гласаше за започнување на постапка согласно член 7 од Лисабонскиот договор на ЕУ заодземање на правото на глас на Унгарија во Европскиот совет, иако шансите за тоа се многу масли.
Претходно и Полска, исто така, објави дека ја поддржува владата на унгарскиот лидер.





