Целосно збунувачка порака на еден од шефовите на Пи-Ар тимот на владата и премиерот Заев на Фејсбук.
Пораката упатена до целата јавност во себе содржи филозофски пораки кои се неразбирливи за обичниот граѓанин.
“Кој сум јас…? Ако јас сум тој што сум, и ако вие сте тоа што сте, тогаш јас сум тој што сум, а вие сте тоа што сте.
Од друга страна, јас сум тој што сум, бидејќи вие сте тоа што сте, и ако вие сте тоа што сте, затоа што јас сум тој што сум, тогаш јас не сум тој што сум и вие не сте тоа што сте.
Затоа, постапете…”, пишува човекот што е одговорен за владината комуникација со јавноста.





