Најголемите воени вежби во модерната историја на Русија, „Исток 2018“ започнаа на Далечниот Исток, пренесе Би-би-си.
Вежбите, како што претходно беше објавено од страна на руското Министерство за одбрана, ќе се одржуваат од 11 до 17 септември.
Речиси 300.000 војници, повеќе од 1.000 авиони, хеликоптери и беспилотни летала ќе учествуваат во маневри на Далечниот Исток и придружните води на Тихиот Океан, 36.000 оклопни возила, 80 бродови и помошни бродови, пишуваат руски медиуми.
Massive international military drills Vostok-2018, said to be comparable with Soviet-era Zapad-81, kick off in Russia's Far East #Russia #Vostok2018 #Military pic.twitter.com/y3S14eH23C
— Ruptly (@Ruptly) September 11, 2018




