“Ќе доаѓала Меркел. А што ќе ни каже? Дека во Европа можеме само како граѓани но не и како Македонци? Зошто такво нешто нема во Германија, прашува новинарката Маја Величкова која открива дека клучните зборови на преамбулата во Германскиот устав се: ГЕРМАНСКИОТ НАРОД, СЛОБОДА НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА СВЕТСКИОТ МИР.

Величкова прашува зошто Меркел во нашиот случај учествува во увезена хибридна војна во Македонија? Зошто нашиот устав да биде граѓански кога Германскиот е национален? Зошто не ни го почитува правото на самоопределување, кое на Германците им се почитува?
Според неа на Хитлер не му успеа со оружје и концентрациони логори да ги уништи Евреите. Тие сега имаат своја држава а сега Меркел сака нас да не “реши” со ИДЕНТИТЕТСКА СМРТ која е полоша од таа извршена над Евреите.
Дали сме ние современите “Евреи”, праша Величкова пред посетата на Меркел на Македонија.




